Инзаги незадоволен од ремито на Интер: „Кога ќе примите два такви гола, тешко е да победите“

Интер ја започна одбраната на титулата шампион на Италија со реми (2-2) против Џенова на гостински терен. Првакот остана без победа во 96. минута, кога Месијас јуниор прво промаши пенал, кој го одбрани Зомер, а потоа одбиената топка ја смести во мрежата.

Пеналот беше предизвикан од дефанзивецот Бисек поради невнимателно играње со рака, а првиот гол на Џенова исто така дојде по грешка, тогаш голманот Јан Зомер лошо реагираше.

„Кога ќе примите два такви гола, тешко е да победите“, изјави тренерот на Интер, Симоне Инзаги, очигледно незадоволен од ремито на стартот од сезоната.

„Нераѕурите“ во второто коло го пречекуваат Лече на домашен терен.

- Оглас -

Најнови вести