На петте прволигашки натпревари кои се одиграа попладнево на терените низ Македонија, немаше ниту една гостинска победа, всушност само Работнички остана непоразен од гостите.
Романтичарите одиграа 1-1 во Тетово со Шкендија, во меч на кој скопскиот тим си даде необичен автогол.
После две кола во ПМФЛ, само стружани имаат максимални 6 бодови, а без бодови се Вардар (има еден меч помалку) и Беса.
Турската ѕвезда Алпер Потук даде два гола во победата на Гостивар, а гол-шоу имаше Марко Ѓорѓиевски од Силекс кој со три погодоци придонесе за убедливиот триумф на кратовци проти Брера Струмица. Прва победа сезонава извојува и Тиквеш.
РЕЗУЛТАТИ: Гостивар – Шкупи 2-0, Шкендија – Работнички 1-1, Силекс – Брера Струмица 4-0, Струга Трим Лум – Беса 1976 1-0, Тиквеш – Воска спорт 2-1. Вечерва од 20 часот играат Вардар – Пелистер.