Почнаа револверашки, завршија мирољубиво, дебитираше и Хулијан Алварес

Виљареал и Атлетико Мадрид ремизираа 2-2 во последниот меч од првото коло во Ла Лига. Почетокот на мечот беше револверашки, со четири гола во првото полувреме, а потоа пресметката стивна и заврши мирољубиво, со истиот резултат.

Данџума во 18-тата минута донесе водство за домаќинот, но одговори Маркос Љоренте само две минути подоцна.

Коке во 37-мата минута си постигна автогол, но Александер Сорлот го постигна дебитантскиот гол за Атлетико Мадрид.

Во финишот, во тимот на Атлетико дебитираше и новото големо засилување Хулијан Алварес.

- Оглас -

Најнови вести