Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ги одреди цените на билетите за натпреварот на македонската А репрезентација против Ерменија од циклусот во Лигата на нациите на 10 септември, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Цената на влезница за источната и западната трибина изнесува 200 денари, за северната и јужната е 400 денари, а ќе треба да платите 1.500 денари за влезница во ВИП ложата на северната трибина.
Продажбата на билетите за натпреварот Македонија – Ерменија ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets.