Некогаш беше меѓу главните ѕвезди на „Бернабеу“, а сега ќе игра во предградието на Мадрид

Колумбискиот фудбалер Хамес Родригес одлучи последен пат да си ја испроба својата среќа во Европа. Тој има 33 години, а последните сезони ги помина во Азија и Јужна Америка.

Откако на Копа Америка покажа дека сè уште може да игра во стилот на „стариот“ Хамес, кој со задоволство го гледавме на Светското првенство во 2014 година, тој реши повторно да се врати на Стариот Континент.

Повторно ќе игра во Шпанија, но овој пат во Рајо Ваљекано.

Шпанскиот медиум „Марка“ откри дека управата на клубот подготви подарок за навивачите по повод стогодишнината од постоењето на клубот.

Клубот од предградието на Мадрид на сличен начин пред две години ја врати и другата колумбиска ѕвезда, Радамел Фалкао.


Хамес Родригес во минатото беше ѕвезда на Реал Мадрид и еден од главните актери на „Сантијаго Бернабеу“, а сега ќе мора да се задоволи со настап во предградието на Мадрид. Тој во својата кариера играше за Банфилд, Порто, Монако, Реал Мадрид и за Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести