Нов европски пораз на Партизан

Српскиот претставник Партизан забележа уште еден пораз на европската сцена. На домашен терен во Белград, пред празни трибини, Партизан загуби од Гент со 0-1 во првиот меч од плејофот за пласман во групната фаза од Конференциската лига.

Омри Генделман во 16-тата минута беше стрелец на голот за Гент на овој меч. Партизан имаше неколку убави шанси, преку Салдања и Северина, но на крајот сепак забележа пораз.

Бетис го победи Кривбас на гости со 0-2, а Риека и Олимпија Љубљана ремизираа 1-1. Кипарскиот тим Омонија беше убедлив и ја победи Зира од Азербејџан со 6-0, а Викингур со 5-0 славеше против Санта Колома од Андора.

Легија ја победи косовската Дрита, чиј тренер е македонскиот стратег Зекирија Рамадан, со 2-0. Крамер и Гуал беа стрелци на головите за полскиот тим.

- Оглас -

Најнови вести