Тажна вест од светот на тенисот, почина поранешниот тренер на Федерер

Тажна вест од светот на тенисот. Почина Питер Лундгрен, поранешниот тренер на Роџер Федерер. Тој почина на 59-годишна возраст, а потврдата дојде од неговиот син Лукас.

Лундгрен со Федерер работеше три години, од 2000 до 2003 година, на почетоците на блескавата кариера на Швајцарецот, во периодот кога го освои првиот гранслем-трофеј на Вимблдон.

На Лундгрен минатата година мораше да му го ампутираат стапалото поради тешка инфекција, која дополнително беше искомплицирана од неговите проблеми со дијабетес тип 2.

- Оглас -

Најнови вести