Синер не е „спасен“, му следува можна суспензија среде настапите на ОП на САД

Првиот светски рекет Јаник Синер се обидува да „побегне“ од допинг-скандалот пред почетокот на Отвореното првенство на САД, но по сѐ изгледа драмата ќе продолжи.

Младиот Италијанец двапати бил позитивен на стероидот клостебол, но АТП го ослободи од обвиненијата префрлајќи ја вината на физиотерапевтот Џакомо Налди, кој наводно несвесно користел спреј за да ги третира сопствените рани, а потоа преку масажа го внел во телото на Синер.

Светската антидопинг-агенција (ВАДА) не ги прифаќа тие аргументи и реши да го потврди својот авторитет преку понатамошно занимавање со овој случај.

„Како што секогаш правиме, внимателно ќе ги испитаме сите документи и го задржуваме правото да се жалиме на одлуката“, изјави претставник на Светската антидопинг-агенција за „Газета дело спорт“.

ВАДА има рок од 21 ден од одлуката на Независниот трибунал (ИТИА) да поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана, каде што повторно би се разгледувал овој случај. Рокот е до 6 септември. Тоа значи дека на половина од настапот на ОП на САД, Синер би добил нова можна суспензија.

Синер претходно беше „суспендиран“ на 4 и 5 април, како и од 17 до 20 април.

- Оглас -

Најнови вести