Брајтон во финишот ги „избрка“ Ѓаволите (Видео)

Брајтон го победи Манчестер јунајтед со 2-1 во воведниот меч од второто коло во Премиер лигата. Тимот со шест бода по две кола се наоѓа на првата позиција, а до триумф дојде со погодокот на Жоао Педро во 95-тата минута од дуелот.

Дани Велбек во 32-тата минута донесе предност за домаќинот на овој меч, а израмни Амад Дијало со голот во 60-тата минута.

Десет минути подоцна Манчестер јунајтед имаше одлична можност за да поведе, но Џошуа Зиркзе на гол-линијата го потврди шутот на Гарначо, а беше во офсајд позиција.

Тоа во финишот го казни Брајтон. Жоао Педро постигна победнички гол за голема радост на стадионот „Амекс“.

- Оглас -

Најнови вести