Ландо Норис со пол-позиција за ГН на Холандија

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ќе ја има пол-позицијата на утрешната трка за ГН на Холандија. Тој беше најбрз на денешните квалификации, пред единствениот досегашен победник на оваа трка, Макс Ферстапен.

Ова е четврта пол-позиција во кариерата за Ландо Норис. Тој го извозе најбрзиот круг за време од 1:09.673 минути.

Од вториот ред ќе стартува Оскар Пјастри, заедно со Џорџ Расел на Мерцедес, кој се пласираше на четвртото место во овие квалификации.

Третиот ред е за Серхио Перез и за Шарл Леклер, а потоа следуваат Фернандо Алонсо и Александер Албон.

Непријатното изненадување за време на квалификациите, кои се одржаа на сува патека, но со силни налети на ветер, беше елиминацијата на Луис Хамилтон со Мерцедес и Карлос Сајнц со Ферари во втората сесија. Сајнц загуби многу време од почетокот на викендот поради проблем со менувачот во првиот тренинг вчера, додека Хамилтон заостануваше само една десетинка од секунда за да се квалификува во третата сесија.

- Оглас -

Најнови вести