Наполи ја прифатил понудата од Саудиска Арабија за Виктор Осимен

Саудискиот клуб Ал-Ахли испратил понуда за Виктор Осимен од Наполи, која италијанскиот клуб ја прифатил. Понудата изнесува 65 милиони евра, што е значително помалку од цената што Наполи досега ја бараше за продажба на еден од најбараните напаѓачи во Европа.


Единствената пречка за овој трансфер е фактот што Осимен бара екстремно висока плата и откупна клаузула во договорот, која засега е непозната. Не е јасно дали Саудијците ќе се согласат на тоа.

Осимен побара од Челзи неверојатна плата од 589.000 неделно и клубот од „Стемфорд бриџ“ се откажа од неговиот трансфер, а претходно тоа го стори и Пари Сен Жермен. Во трката сѐ уште е Арсенал, но по сѐ изгледа дека единствено саудиските клубови би можеле да го поднесат товарот на платата на Виктор Осимен.

- Оглас -

Најнови вести