Познатата аналитичка компанија „Опта“ ги одреди шансите на тенисерите за освојување на Отвореното првенство на САД во тенис, а според нив, главен фаворит за титулата е Јаник Синер.
Италијанецот, кој е прв носител и годинава го освои Отвореното првенство на Австралијан, кое исто така се играше на тврда подлога, има 17 проценти шанси да биде победник на гранслемот во Њујорк. На Карлос Алкаразс, кој триумфираше на Вимблдон и може да се сретне со Синер во полуфиналето, му се даваат 10 отсто шанси да го освои турнирот. Трети фаворит е бранителот на трофејот Новак Ѓоковиќ, кој имаше поволна ждрепка и ако не направи голем кикс, пласманот во финалето му е речиси сигурен.
Интересно е дека четврти фаворит на турнирот е Григор Димитров, кој е деветти носител, а зад него е Александер Зверев. Во топ 5 фаворити го нема Данил Медведев, кој е последниот тенисер што го победил Ѓоковиќ на Отвореното првенство на САД и шампион од 2021.