ФФМ објави кога почнува продажбата на билети за мечот со Ерменија

В понеделник, 2 септември, ќе започне продажбата на билети за фудбалскиот натпревар Македонија – Ерменија (10 септември, почеток 20.45 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од новото издание на Лигата на нациите.

Цената на влезница за натпреварот изнесува од 200 и 400 денари. Цената на влезница за во ВИП ложа на северната трибина е 1.500 денари.

Продажбата на билети ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите.

Цени на билети:

Северна трибина – 400 денари;

Јужна трибина – 400 денари;

Западна трибина – 200 денари;

Источна трибина – 200 денари;

Билетарницата на националната арена ќе биде отворена на денот на натпреварот, од 10 часот.

Продажни места:

Скопје:

• ЛитератураМК – City Mall

• ЛитератураМК – East Gate

• ЛитератураМК – Веро Центар

• Литература – ТЦ Буњаковец

• Литература МК  – ул. Македонија

• Југотон ГТЦ 1

• ЈК Травел – ТЦ Бисер

• Макпетрол – Козле

• Макпетрол  – Илинденска

• Макпетрол – Влае

Велес:

• Унисон

Прилеп:

• ТА Бран

Куманово:

• Тобако Агора

Тетово:

• Тобако Монако

• Гранд Тобако

Гостивар:

• Тобако Вона 5

Охрид:

• ТА Вис Пој

Битола:

• Литерара МК

• Tobacco Brothers

Струмица:

• Литература МК

• ТА Сафари

Радовиш:

• ТА Халкидики

- Оглас -

Најнови вести