Математички пресметано, во ЛШ вечерва треба да влезат Спарта, Салцбург и Галатасарај

Со победите од 2-0 на гостински терен на првиот меч, екипите на Салцбург и Спарта Прага ширум си ја отворија вратата за учество во Лигата на шампионите, која од оваа сезона ќе се игра во нов формат, ќе нема групи, туку сите ќе бидат во иста лига и во првата фаза секој тим ќе игра по осум меча, четири дома и четири на гости, по еднаш против секој ривал што ќе го добие на ждрепката.

Математичка симулација покажала дека шансите на Спарта да биде дел од ЛШ се дури 98 проценти, а шансите Салцбург да го елиминира Динамо Киев се огромни, 94 отсто. Најинтересно треба да биде во Истанбул, каде што Јанг бојс против Галатасарај ќе ја брани предност од 3-2 од првиот дуел во Швајцарија.

Симулацијата покажува дека Галатасарај е фаворит и има 68 проценти шанси да влезе во ЛШ.

Што се однесува до утрешните четири реванш-мечеви, таму математиката покажала дека гостите ќе одат во ЛШ, што значи дека од ексју просторите во елитата ќе влезе само Динамо Загреб, а не и Црвена ѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести