Раководството на Челзи започна офанзива за напаѓачот на Брентфорд, Иван Тони, јавува „Скај Спортс“. Англискиот репрезентативец доби многу примамлива понуда од Ал-Ахли, кој му понуди 60 милиони евра за три години, и беше подготвен да се пресели во Саудиска Арабија. Меѓутоа, вклучувањето на Челзи во трката ја промени ситуацијата.
Лондончани бараат докажан голгетер и долго време се поврзува со трансфер на Виктор Осимен од Наполи. Сега, сепак, Челзи се насочи кон 28-годишниот Тони, кој освен што има искуство во Премиер лигата, ќе чини и многу помалку.
Англискиот репрезентативец не беше вклучен во составот на Брентфорд за првите два натпревари од новата сезона. Неговиот договор истекува за помалку од една година.
Сепак, клубот ќе бара за него околу 50 милиони фунти, тврдат медиумите на Островот.