Сензација на ОП на САД: Алкарас декласиран од 74-тиот тенисер во светот!

Еден од најголемите фаворити за освојување на трофејот од Отвореното првенство на САД, Карлос Алкарас, сензационално е елиминиран уште во второто коло од 74-тиот тенисер во светот, Ботит ван де Зандшулп, со убедливи 3-0.

Мечот помеѓу шпанскиот и холандскиот тенисер траеше само два часа и 21 минута и заврши во корист на Ван де Зандшулп со 6-1, 7-5 и 6-4. Алкарас ваков ран пораз на еден гранслем-турнир нема доживеано од 2021 година, кога беше 75-ти тенисер во светот.

„Немам борови. Ова беше неверојатно. Полн сум со самодоверба по победата над Денис Шаповалов и од првиот поен играв цврсто и добро. Верував во себе и гледате како заврши натпреварот“, рече Ван де Зандшулп, кој никогаш претходно нема победено тенисер од ваков ранг.

- Оглас -

Најнови вести