Данил Медведев експресно стигна до четвртфинале на Отвореното првенство на САД откако го прегази португалскиот тенисер Нуњо Борхес со максимални 3-0.
Русинот на својот противник му дозволи само еден гејм во првите два сета и за помалку од еден час веќе имаше водство од 2-0 во сетови. „Најнеизвесно“ беше во третиот сет, кој му припадна на Медведев со 6-3.
Медведев сега во четвртфиналето го очекува дуел против првиот на АТП ранг-листата, Јаник Синер.