По четири години поминати во дресот на Наполи, Виктор Осимен се сели во Турција. Доцна синоќа Осимен пристигна во Истанбул и денеска треба да биде промовиран како нов играч на турскиот гигант.
https://twitter.com/i/status/1830806849639141529
Осимен одигра четири одлични сезони во Наполи, во кои на 133 мечеви постигна 76 голови. Сепак, по доаѓањето на Антонио Конте за нов тренер, Осимен доби на знаење дека за него нема да има место во тимот на италијанскиот тим, па затоа Наполи бараше начин како да го „откачи“ овој играч.
https://twitter.com/i/status/1830728411171692824
Галатасарај ја искористи таа ситуација и успеа да го доведе Осимен како позајмен фудбалер до јуни 2025 година. Галатасарај ќе покрива 9/10 од годишната плата што ја добива голгетерот.
🚨🟡🔴 BREAKING: Victor Osimhen to Galatasaray, here we go! Deal done and all documents have been approved.
Osimhen’s release clause will be €75m with Napoli option to extend until 2027.
Loan move to Gala until June 2025, €9/10m salary covered.
No buy option, no obligation. pic.twitter.com/Cc7lAYPPW6
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 2, 2024