Димитров се предаде, па Тијафо закажа американско полуфинале против Фриц, Сабаленка лесно против Женг

Првпат по 2005 година ќе има двајца Американци во полуфиналето на Отвореното првенство на САД откако Григор Димитров го предаде четвртфиналниот дуел против Тијафо. Овојпат не само што ќе има двајца Американци, туку и тие ќе играат меѓу себе во полуфиналето, па домаќинот со сигурност ќе има еден финалист, Фриц или Тијафо.

Американскиот тенисер го доби мечот откако Димитров се предаде на негатива од 1-2 во сетови и 1-4 во четвртиот сет. Тијафо ги доби првиот и третиот сет со идентични 3-6, додека бугарскиот тенисер славеше само во вториот, и тоа во тај-брејк со 7-5 на поени за конечни 7-6 во сетот.

Русинката Арина Сабаленка е втората полуфиналистка на Отвореното првенство на САД откако лесно со 6-1 и 6-2 ја совлада кинеската тенисерка Женг и закажа дуел против домашната тенисерка Наваро.

- Оглас -

Најнови вести