Од Уганда дојде тажна вест, починала 33-годишната маратонка Ребека Чептегеи како резултат од тешките изгореници кои ги претрпе кога нејзиното поранешно момче ја поли со бензин и ја запали.
Познатата спортистка неодамна трчаше на маратонот на Олимписките игри во Париз.
Чептегеи се бореше, но, за жал, на крајот почина. Во болница беше примена со изгореници на 80 отсто од телото. Беше на интензивна нега, но лекарите не успеаја да и го спасат животот. Напаѓачот Диксон Ндиема исто така заврши во болница и чека ослободување за да биде испратен прво во притвор, па на судење и затвор.
Таткото на Ребека, Џозеф Чептегеи, рекол дека спорот избувнал поради имот.