Вардар не мирува, ги официјализира Босанчиќ и Јонус!

Српскиот интернационалец Немања Босанчиќ и официјално е нов член на скопски Вардар, а тоа важи и за Рушту Јонус.

Босанчиќ е 29-годишен фудбалер, игра на позиција централен играч за врска, а доаѓа од екипата на Паневежис, за којшто играше во литванската лига. Босанчиќ во минатото има играно за Струга Трим Лум, кога тренер му беше актуелниот тренер на Вардар, Срѓан Захариевски. Во дресот на Струга, популарниот Боске имаше 10 гола и 11 асистенции на 48 меча.

Вардар му посака добредојде и на 22-годишниот Јонус, кој исто така е играч за врска и доаѓа од екипата на Гостивар. Во досегашниот дел на кариерата тој има настапувано и за екипите на Работнички, Пехчево и Охрид Лихнидос.

- Оглас -

Најнови вести