Реал Мадрид по втор пат за само неколку дека ќе ја пречека Барселона во шпанското „Ел Класико“. Барселона се радуваше во Купот и со 3:0 го елиминираше домаќинот, а сега ќе играат во првенството. Барселона има убедлива предност на табелата пред Реал, па доколку се случи гостите повторно да триумфираат, речиси ќе биде ставен крај и на трката за титулата во Примера дивисион.
Според некогашниот бразилски фудбалер Ривалдо, кој го носеше дресот на Барселона, тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари е под голем притисок. Според Ривалдо, доколку Реал вечерва загуби, Солари може да добие отказ, а на негово место да биде доведен Жозе Мурињо.
„Солари како тренер кој дојде од Кастилја, е под голем притисок и е во тешка ситуација. Мурињо е одличен тренер и веќе има искуство за тоа како се работи во Реал Мадрид. Секогаш ќе биде поврзуван со враќање во Мадрид, доколку Реал не ги има посакуваните резултати“, вели Ривалдо.
Мурињо е без работа од декември, кога доби отказ од клупата на Манчестер јунајтед. По заминувањето на Мурињо, Манчестер игра многу подобро.