Апсурд или убавина е новиот формат на ЛШ? Ливерпул како најдобар тим доби еден од најтешките ривал

Оваа сезона во Лигата на шампионите се игра по нов формат. Првпат има 36 екипи во групната фаза, а сите екипи се дел од една лига. Во лигашкиот дел секој тим доби по осум различни ривали. Сите имаа по четири меча дома и четири средби на гости.

На крајот, првите осум на табелата директно обезбедија место во осминафиналето, а тие од деветото до 24-тото место разигруваа во плејоф. Ливерпул беше тимот кој доминираше во групната фаза и заврши убедливо како прв со седум победи и само еден пораз од ПСВ во последното коло, кога беше јасно дека англискиот гигант ќе биде најдобар.

За разлика од нив, ПСЖ се мачеше во групната фаза и на крајот го освои 15-тото место. Францускиот првак мораше да игра плејоф во кој на доминантен начин со 10:0 го елиминира Брест во двомечот, а сега во осминафиналето по голема драма беше подобар и од Ливерпул.

Колку за споредба, Ливерпул, кој беше најдообар во групната фаза, го доби ПСЖ за ривал, а Астон вила, која заврши на осмото место во групата и последна обезбеди директен пласман во осминафиналето, за ривал го доби Бриж, кој заврши на последното 24-то место во групата. Бриж во плејофот ја елиминира Аталанта.

Овој нов формат на ЛШ донесе многу новитети, многу неизвесност, но и мечеви во осминафиналето кои едноставно можеа да бидат и финале во ЛШ. Таков меч ќе гледаме и вечерва во Мадрид, каде што Атлетико ќе игра против Реал Мадрид, два тима кои во последните неколку сезони двапати играа и во финале на елитното натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести