Две одлични комбинации кои вредат 2.80 и 2.90 за дуелот на Македонија против Ф. Острови, Холандија, Германија и Англија се големи фаворити

Две различни комбинации нудат денешните квоти на ден за дуелот Фарски Острови – Македонија и нормално дека во двете опции, нашата репрезентација е во предност барем кога се работи за тоа кој треба да се радува на крајот.

Првата комбинацја е Македонија да победи во меч на кој избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе постигнат барем два голови на гостувањето во Торсхавен. Оваа комбинација е одлична и има коефициент од 2.90.

Втората комбинација е Македонија да не загуби на гости кај Фарски острови во дуел на кој двете селекции ќе ппостигнат најмалку по еден погодок. Оваа комбинација е со квота од 2.80.

Англија гостува кај Ирска во меч на кој Гордиот Албион е фаворит за победа, а освен „двојка“ треба да има од 2-6 погодоци, за да биде добитна комбинацијата која се вреднува со точно два квота.

Германија е апсолутен фаворит пред своите навивачи против Унгарија и освен победа на Панцерите треба да има и од два до четири погодоци, што е со коефициент од 2.20.

Холандија не треба да има никакви проблеми против Босна и Херцеговина и Лалињата уште по првото полувреме треба да имаат предност, а потоа секако и на крајот да се радуваат во натпревар на кој треба да бидат постигнати минимум три погодоци. Оваа комбинација е со квота од 2.15.

- Оглас -

Најнови вести