Денеска редете „кецови“, но Наполи – Јуве „мириса“ на реми

Дури седум меча од понудата на Спортска прогноза за ова коло, се играат денеска. Традиционално во недела правиме еден тикет кој е базиран на процентите кои се добиени по гласањето на сите играчи на Спортска прогноза. Во ова коло имаше преку 550 прогнозери, а интересно е тоа што за неделните средби, се очекува доминација на домаќините.

По петте одиграни вчерашни средби, петмина прогнозери имаат максимални пет погодоци и остануваат во трка за добивање на мобилен телефон iPhone XS, кој се освојува ако се погоди „Среќна 13-ка“. Еве ги нивните прогнозирања:

Pero PandevX1X12X1XX2XXX2X5
Dejan NaumovskiX1X121X21X1X11X5
Mihail PetkovX1X12X121211X215

Денешната програма започнува со мечот од француското првенство меѓу Ница и Стразбург. Дури 313 прогнозери, односно нешто повеќе од 50 отсто веруваат во победа на домаќините. 30 отсто се мислат за „икс“, а најмал е бројот за победа на гостите. За три бода на домаќините се дава коефициент 2,45.

Идентични 62 отсто се очекувањата за триумф на Бетис против Хетафе, Валенсија против Атлетик Билбао двата меча во Примера дивисион и победа на Волфсбург против Вердер во Бундес лигата. На сите три меча, гостите имаат помалку од 10 отсто шанси според прогнозерите. На Бетис му се дава коефициент 2,35, за Валенсија е 2,05, а победа на Волфсбург е со коефициент 2,20.

Фиорентина ќе игра во чест на својот капитен Астори, кој пред една година почина непосредно пред меч во Серија А. „Виолетовите“ денеска ќе гостуваат кај Аталанта, тим знае да биде многу опасен. Тоа го знаат и прогнозерите, па затоа шансите се за домаќинот. Победа на Аталанта очекуваат 57 отсто. „Кецот“ на овој меч е 1,95.

Во Франција вечерва ќе има дерби и тоа меѓу Олимпик Марсеј и Сент Етјен. Во дуелот на некогашните шампиони на Франција, домаќинот има голема предност од дури 71,5 отсто, додека триумф на гостите би било вистинска сензација, бидејќи така предвидуваат нецели 4 отсто од играчите на Спортска прогноза.

Од сите денешни дуели, најинтересен сигурно ќе биде дербито меѓу првопласираните две екипи во Италија, Напли и Јувентус. „Старата дама“ е убедлив лидер, а Наполи се надева дека може да го задржи чекорот во трката за титулата. Од сите неделни меча, само на овој не се дава повеќе шанса на домаќинот. Најреално е нерешено, а така мислат 37 отсто од прогнозерите, а за икс коефициентот е 3,15.

 

- Оглас -

Најнови вести