Напаѓачот и капитен на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн, вечерва против Финска го игра својот 100-ти меч за националниот тим.
Кејн е десеттиот фудбалер во историјата на Англија со 100 меча за Гордиот Албион. Пред него тоа им тргнало од рака уште на Боби Мур, Боби Чарлтон, Френк Лампард, Питер Шилтон, Ешли Кол, Дејвид Бекам, Вејн Руни, Били Рајт и Стивен Џерард.