Мечеви од петте најсилни европски лиги се дел од третото коло на Спортска прогноза, а прогнозерите веќе имаат свои фаворити. Од понудените 13 средби, дури на седум веќе се издвојуваат екипите за кои се верува дека ќе стигнат до триумф, односно барем две третини од прогнозите се определиле за ист фикс.
Како најголема сигурица е победа на Севилја на свој терен против Хетафе затоа што над 87 отсто одиграле на „кец“. Домашниот терен со голема сигурност треба да го искористат и Аугсбург против Сент Паули, Еспањол во дуелот со Алавес, Волфсбург против Ајнтрахт, како и Нант во пресметката со Римс, односно Мајнц со Вердер.
Од гостинските екипи со најголеми шанси за победа е Њукасл, кој ќе игра на теренот на Вулверхемптон. Дури 75 отсто од прогнозерите очекуваат Њукасл да се радува на триумф.
Главен предизвик за сите прогнозери е да се обидат да погодат Среќна 13-ка затоа што така може да стигнат до една од главните премии. Прогнозерот со погодени 13 натпревари одбира еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени фиксови се добива вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а за 11-ка следува ваучер од 500 денари.