Карвахал е убеден дека Барселона наскоро ќе почне да киксира

По само четири одиграни кола во шпанската Примера дивисион Реал Мадрид заостанува четири бода зад најголемиот ривал Барселона. Кралскиот клуб има две победи и две нерешени, додека Барселона е перфектна со четири триумфи и максимални 12 бодови.

Реал Мадрид и Барселона во ова коло имаат тешки гостувања. Кралевите вечерва гостуваат кај Сосиедад, додека Барселона утре ќе игра на теренот кај Жирона во каталонската пресметка.

Еден од најискусните играчи на Реал Мадри, Дани Карвахал верува дека Барселона во скоро време ќе киксира. „одигравме четири кола, но ова е долго натпреварување и распоредот е пренатрупан. Следуваат уште тешки натпревари и верувам дека Барселона за брзо време ќе загубат бодови“, вели Карвахал во изјава за Диарио спорт.

Барселона минатата сезона два пати загуби од Жирона и ќе биде вистински предизвик дали ќе ја прекине оваа лоша низа.

- Оглас -

Најнови вести