Алсат: Скандал во Велес, потрошени 400.000 евра за стадионот кој е покриен со трње и грмушки

Порталот Алсат обелодени скандал во врска со помошниот стадион во Велес за кој според нив биле потрошени околу 400 илјади евра од хет-трик програмата на УЕФА, но фактичката ситуација е следна: наместо трева за играње фудбал, теренот е обраснат со дивата трева, грмушки и трње.

Локални жители изјавиле дека овој стадион е во ваква состојба веќе пет години.

„Ова не се користи за спортски натпревари. Веројатно е вака четири-пет години, можеби и повеќе. Неопходно е за спортот секако, многу работи се потребни и за спортот“, изјавил граѓанин за Алсат.

„Помошниот стадион во паркот на Велес беше ветено дека ќе биде помошен терен за Фудбалскиот клуб Борец. Иако надлежните велат дека се одржувал до пред една година, велешани и жителите од околината велат дека овој стадион останал во ваква состојба од неговата изградба. На прв поглед состојбата на стадионот отвора прашања дали навистина за овој стадион се потрошени сумите што ги доби од УЕФА. Граѓаните велат дека постојат основани сомнежи за злоупотреба, објави Алсат.мк“

- Оглас -

Најнови вести