Братот на легендарниот возач на Формула 1, Ралф Шумахер, неодамна јавно призна дека е хомосексуалец. А сега, за првпат, се огласи и неговиот долгогодишен партнер, Етиен Буске-Касањ.
Пред неколку месеци многумина беа изненадени од веста кога братот на легендарниот возач Михаел Шумахер, Ралф, ја обелодени својата геј врска со Етиен.
Ралф Шумахер, кој исто така се натпреваруваше во Формула 1, доби голема поддршка од колегите од светот на спортот откако ја откри својата сексуална ориентација.
Сепак, неговата поранешна сопруга, Кора Шумахер, не го делеше истото воодушевување.
Во изјава за германските медиуми, Етиен откри дека забележал дека Кора е гневна поради нивната врска. Призна дека е разочаран затоа што верувал дека има добар однос со поранешната сопруга на Шумахер.
„Верував дека имаме добар однос со Кора“, започна Етиен.
„Кога дојде, ме праша: ‘Дали вие двајца сте во врска?’“
„Искрено одговорив: ‘Да, сме. Ние сме двојка.’ Во почетокот изгледаше среќна за нас. Сè изгледаше нормално, поминавме убава недела заедно. Затоа сега сум малку разочаран“, рече Етиен откако го прочита неодамнешното интервју на поранешната сопруга на неговиот партнер.
Кора Шумахер во разговор за „Шпигел“ ја сподели својата тага поради тоа што Ралф со години ја држел во заблуда
„Сакав Ралф да беше поотворен со мене или на некој начин да ме вклучи во таа одлука“, истакна Кора.
„Тоа ќе беше знак на почит кон мене. За време на неговата кариера имаше многу приказни и често го прашував дали нешто од тоа е вистина. Секогаш сè негираше, велејќи ми дека си измислувам, а понекогаш дури и ми советуваше да побарам стручна помош. Кога сето тоа излезе во јавноста, навистина се чувствував предадена, како да ме прободе со нож. Ваквите тешки објави секогаш влијаат на луѓето околу вас, вклучувајќи ја и поранешната сопруга со која имате дете. Се чувствувам како да ги потрошив најдобрите години од мојот живот. Често се прашувам дали некогаш бил целосно искрен со мене!“, изјави Кора.
Ралф Шумахер е во врска со Етиен повеќе од две години, а сè започнало со пријателски дружења во Монако.