Арне Слот пред мечот со Борнмут: Можеби нема да ризикувам на голот со Алисон Бекер

Настапот на голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, на денешниот натпревар против Борнмут е под сериозен знак прашалник поради мускулен проблем кој се влошил за време на натпреварот со Милан во текот на неделата.

„Алисон има мал проблем со еден од мускулите. Се прашуваме дали овој натпревар доаѓа прерано за него. Проблемот се појави пред дуелот со Милан, но по натпреварот тој го почувствува уште повеќе. Ќе видиме дали треба да биде на голот или ќе треба да почекаме уште неколку дена“, изјави менаџерот Арне Слот.

Холанѓанецот зборуваше и за поразот од Нотингем Форест, и за убедливата победа над Милан.

„Не мислам дека заморот беше голем проблем против Нотингем Форест, ако воопшто беше проблем. Би можеле да очекувате дека играчите ќе бидат уморни против Милан, но ние бевме навистина силни во тој натпревар. Треба да се оддаде признание на Форест, затоа што тие ни го направија натпреварот тежок. Не бевме задоволни од многу работи во врска со тој натпревар. Јас, всушност, претпочитам да играме против екипи кои играат со длабок блок, бидејќи така очекуваме да создадеме повеќе шанси поради квалитетот на нашите играчи. Ако секој играч играше пет проценти подобро против Форест, што не би требало да е толку тешко, тоа ќе направеше огромна разлика“, изјави менаџерот на Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести