Платини има „генијална“ идеја: „Фудбалот да се игра со десетмина на терен!“

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, во разговор за француските медиуми предложи „генијална“ идеја, фудбалот да се игра со десетмина на теренот, наместо со 11 фудбалери.

„Можеби треба да се повлече еден играч и да гледаме фудбал со десетмина. Екипа со 11 играчи беше во 1900-тата година, но тогаш многу малку се трчало. Играчите биле поситни и се играло многу споро. Луѓето од мојата генерација не гледаат премногу фудбал, бидејќи не се препознаваат во оваа игра. Денес има повеќе проигрувања назад, отколку кон напред и во поседот на топката има многу проигрувања. Не критикувам, но луѓето од мојата генерација знаат повеќе напаѓачки фудбал, тие во денешно време не се пронаоѓаат во фудбалот.“ – рече Платини.

- Оглас -

Најнови вести