Норис доминантно до пол-позиција во Сингапур, катастрофа на Ферари

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, успе да дојде до својата петта пол-позиција оваа сезона и да победи на квалификациите за ГН на Сингапур. Норис беше доминантен и ја оправда фаворитската улога, а друштво во првиот ред ќе му прави актуелниот светски шампион, Макс Ферстапен.

Вистинска катастрофа доживеаја возачите на Ферари, кои завршија последни во третиот круг од квалификациите и ќе стартуваат од деветтата, односно десеттата позиција. Времето на Леклер беше поништено од судиите, додека Сајнц заврши во заштитната ограда и остана без пласман.

https://twitter.com/F1/status/1837496575418888195

- Оглас -

Најнови вести