Добра е состојбата на кошаркарот на Цедевита Олимпија, Жига Данеу, кој синоќа имаше страшен пад за време на дуелот против ФМП. Пред крајот на мечот, односно на 21 секунда до крајот, Данеу при еден обид да направи блокада, незгодно падна и директно со вратот и главата удри во паркетот.
Високиот 211 сантиметри центар остана да лежи на подот, а лекарите брзо интервенираа и го пренесоа во болница. За среќа, од таборот на словенечкиот тим доѓаат позитивни вести.
„По вчерашниот пад на мечот против ФМП, Жига Данеу беше прегледан и утврдено е дека ударот не оставил посериозни последици. Здравствената состојба на Жига е добра и тој веќе се врати пак да биде заедно со екипата. Во Љубљана ќе му бидат направени дополнителни превентивни тестови“, стои во соопштението на Цедевита Олимпија.
Младиот 22-годишен Данеу е внук на прославениот кошаркар Иво Данеу.
Bogi revež- Upam upam, da ni hujega. A tukaj biti optimist 🙁 Žiga Daneu. pic.twitter.com/kBNL4DVGpw
— Gregor Sevšek (@gregsasevi) September 22, 2024