Нов предизвик за играчите на Спортска прогноза: Мегадуел во Минхен, мадридско дерби во Ла Лига

Типувањето за новото коло од бесплатната игра на Sport Life, Спортската прогноза, веќе е отворено. Нови 13 натпревари се предизвик за типувачите, а неколку дуели од претстојниот викенд го привлекуваат вниманието.

Дерби-дуелот од Бундеслигата помеѓу Баерн Минхен и Баер Леверкузен на програмата е во сабота, а во недела нѐ очекуваат два интересни меча. Во Ла Лига се игра мадридското дерби помеѓу Реал и Атлетико, а во Премиер лигата е пресметката помеѓу Манчестер јунајтед и Тотенхем.

Првиот натпревар од Спортската прогноза започнува во сабота, во 14 часот, а тоа значи дека дотогаш ќе можете да ги пополнувате вашите бесплатни типови и да очекувате богати подароци.

Во петтото коло на Спортската прогноза најмногу натпревари се од англиската Премиер лига, дури четири, по три меча има од германската Бундеслига и италијанската Серија А, два натпревари се од шпанската Ла Лига, додека еден дуел е од француското првенство.

Прогнозерот кој ќе има погодени 13 натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести