Саутгејт многу брзо ќе преземе клуб од Премиер лигата

Поранешниот англиски селектор Гарет Саутгејт може да стане нов менаџер на Евертон, откриваат медиумите на Островот. Потенцијалниот нов сопственик на тимот од Ливерпул е подготвен да го покани 54-годишниот Англичанец на местото на Шон Дајш.

Саутгејт беше селектор на репрезентацијата на Англија од септември 2016 година до летото 2024 година. Под негово водство, англиската селекција одигра 102 натпревари, забележа 64 победи, 20 ремија и 18 порази.

На ЕВРО 2024, Англија загуби во финалето од Шпанија со 1-2, по што Саутгејт замина од кормилото.

- Оглас -

Најнови вести