Фудбалерите на Атлетико Мадрид со победа над Селта Виго на гости се загреваа за неделното дерби против градскиот ривал Реал. Единствениот гол на мечот во Виго беше дело на Хулијан Алварес во 90-тата минута откако најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник.
По комплетирањето на седмото коло од Ла Лига, Атлетико се искачи на третата позиција со 15 бода, само два помалку од Реал Мадрид, па дуелот во недела ќе биде борба за втората позиција, со оглед на тоа дека Барселона е убедливо прва со максимални 21 бод.