Што го налути Куртоа за да ги провоцира навивачите на Атлетико? Чоло: „Ние секогаш сме жртви“ (Видео)

Хаотичното дерби на мадридските ривали на „Ванда Метрополитано“ помеѓу Атлетико и Реал заврши без победник, 1-1, но натпреварот беше прекинат на 15-тина минути откако домашните навивачи почнаа да фрлаат по голманот на Кралскиот клуб со сè што им се најде при рака. Запалки, шишиња, лименки, но и сендвичи полетаа кон Тибо Куртоа.

Голманот на Реал ги провоцираше навивачите на Атлетико откако во текот на целиот натпревар му скандирале „умри, умри“, а на голот за водство на Кралевите тој се сврте кон нив и гестикулираше „уште, уште“. Куртоа во минатото беше голман на Атлетико и 154 пати го бранеше нивниот гол.

https://twitter.com/totalcristiano/status/1840489823758426603?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1840489823758426603%7Ctwgr%5Eace2a3854c3ebaadf3e1e4b9df8d50139b760dbe%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fvideo-zasto-je-courtois-ovako-provocirao-cholo-mogao-je-gledati-u-pod-dok-slavi-gol%2F2602560.aspx

„Во ред е да се слави голот, но нема потреба тоа да се прави свртен кон трибината и со навреди кон луѓето, со гестикулации кон нив. Можеш да гледаш во земја. Веројатно знаеш дека луѓето се лутат. Не го прават тоа без причина. Ние актерите на теренот им даваме причина. Секако дека не го оправдувам однесувањето на нашите навивачи, но не го оправдувам ниту однесувањето на фудбалерите кое доведе до тоа што се случи. На крајот секогаш ние сме жртви“, коментираше тренерот на Атлетико Мадрид, Чоло Симеоне.

- Оглас -

Најнови вести