До последен момент нема да се знае дали Кејн ќе игра вечер против Астон вила

Голгетерот на Баерн Минхен, Хари Кејн, можеби ќе игра против Астон вила вечерва во Лигата на шампионите, но можеби ќе биде поштеден.

Мали се шансите воопшто да не влезе во игра, но тешко дека ќе остане 90 минути на терен, прогнозираат германските медиуми.

Англичанецот заработи повреда на скочниот зглоб на последниот натпревар на Баварците во Бундеслигата, во ремито 1-1 против Баер Леверкузен. Напаѓачот беше заменет во 86-тата минута, а следниот ден беше на медицински тестови, кои покажаа дека неговата повреда не е сериозна.

Тренерот на Баерн, Венсан Компани прокоментира дека Кејн тренирал вчера, но за неговото учество на натпреварот ќе биде решено во последен момент.

- Оглас -

Најнови вести