Јувентус славеше голема победа на гостувањето кај Лајпциг во меч на кој Старата дама двапати беше во негатива, а на крајот даде гол за победа од 3:2, и тоа во моментите кога беше со играч помалку на теренот. Сепак, радоста за освоените три бода на италијанскиот гигант беше прекината откако стигна веста дека еден од клучните играчи во тимот, Глеисон Бремер, има сериозна повреда.
Дефанзивецот кој се повреди само по шест минути игра, по лекарските прегледи е констатирано дека има скинати вкрстени лигаменти на левата нога. Бремер мора да оди на операција, а потоа му следува и долг период на рехабилитација, па за него сезоната е завршена.
Првичните проценки се дека рехабилитацијата ќе трае седум месеци. Бремер беше еден од најважните играчи во одбраната на Јувентус, а тој до повредата беше безгрешен и со него на терен, Старата дама немаше примено ниту еден погодок сезонава.
❗️Gleison Bremer has an injury to the cruciate ligament and meniscus, 7 months out (will undergo surgery in Austria). #Juventus pic.twitter.com/XHCUH4x5TA
— Forza Juventus (@ForzaJuveEN) October 3, 2024