Мегваер за иднината на Тен Хаг: Знам како функционира клубот

Голот кој го постигна Хари Мегваер против Порто, можеби го спаси менаџерот Ерик Тен Хаг од добивање на отказ од Манчестер јунајтед. Дефанзивецот му даде поддршка на својот тренер под чие водство имаат само една победа на десет меча во европските купови. 

„Играм за овој клуб шест години и знам како функционира. Кога тргнуваш во лоша насока, играчите се под притисок, а исто така и менаџерот. Тој е доволно искусен, сигурен сум дека знае како да се справи со тоа, тоа е дел од привилегијата што ја имаш да бидеш во овој клуб“, изјави Мегваер.

Тен Хег побара трпение.

„Не треба да ни се суди во овој момент. Само почекајте. Нека се суди на крајот на сезоната. Ние сме во процес. Ќе продолжиме да работиме“, изјави Тен Хаг.

- Оглас -

Најнови вести