Реал треба да ги докрајчи „децата“ на Ајакс, Дортмунд верува во сензација

Реал Мадрид  – Ајакс (21 часот)

Колку и да звучи невозможно да се освои Лигата на шампионите четири пати во низа, на Реал Мадрид само ова натпреварување му остана во кое може да се надева на трофеј сезонава. Вечерва ќе покажат колку закрепнаа од двата порази од Барселона, а одбраната без капитенот Рамос е слабост која може Ајакс да ја искористи.

Жедни за голови се и Бензема и Бејл, како и младиот Винисиус, кој се обидуваше да се докаже против Каталонците, но неговото неискуство скапо го чинеше Солари во двата меча на „Сантијаго Бернабеу“. Се очекува отворена игра на двете екипи иако „кралевите“ имаат голема предност од два гола на гости.

Предлог тип: 1+I & 2+II (2.10)

 

Борусија Дортмунд – Тотенхем (21 часот)

Тотенхем многу изненади во првиот дуел во којшто славеше со 3-0, и тоа без главните адути Кејн и Али, но „милионерите“  и големата негатива веруваат во чудо, а имаат 90 минути да се реваншираат и да стигнат до посакуваното четврт-финале. Евентуален гол на „петлите“ ќе биде крај германскиот состав.

Дортмунд како да почна психички да паѓа, во Бундеслигата остварија само еден триумф во последните пет меча и му дозволија на Баерн да се врати во трка за шампионската титула, но за нив е добро што и Тотенхем не е во сјајна форма, но домаќините се тие кои вечерва треба да играат на победа, додека лондончани имаат задача да ги одбранат убедливите 3-0.

Предлог тип: 1X & ГГ (2.10)

 

Бордо – Монпелје (19 часот)

Бордо ретко губи кога е домаќин, а Монпелје најчесто ремизира кога е во улога на гостин во францускиот шампионат. Двете екипи се во лоша форма и во овој дуел ќе влезат само со една помисла, да се освојат три бода.

Жирондинците воедно ќе добијат шанса да се реваншираат за поразот во првата меѓусебна пресметка сезонава, која Монпелје ја доби со 2-0. Бројните повреди и на двете екипи значи дека шанса ќе се даде на помладите да се докажат.

Предлог тип: 1X & 2-4 (2.40)

 

Дерби каунти – Виган (20:45 часот)

Трите последователни порази на екипата која ја предводи Френк Лампард направија многу проблеми во трката за место кое води до доигрувања и борба за пласман во англиската елита. „Овните“ вечерва ги очекува тежок предизвик бидејќи Виган е екипа која се бори за опстанок, а воедно без пораз се веќе пет меча.

Лампард нема да смета на неколку првотимци, а токму тој факт може повторно да му наштети на неговата екипа.

Предлог тип: 1 & 2-5 (2.60)

 

Aкрингтон – Блекпул (20:45 часот)

Планот не се одвива како што треба за Блекпул, иако нивните амбиции се да се вратат во Шампионат лигата, засега се далеку од местата за плејоф. Веќе четири кола во низа не можат да запишат три бода, но добро е што против Акрингтон имаат добар учинок, бројат три победи и две ремија во последните пет меѓусебни средби.

Сезонава по третпат овие две екипи ќе ги одмерат силите. Блекпул двапати играше на домашен терен, победи (3-2) во Купот на ЕФЛ, додека во првенствениот меч ремизираа при конечни 1-1. Голови се очекуваат повторно, но тешко е да се предвиди дали некој ќе си замине со цел плен по крајот на 90-те минути.

Предлог тип: ГГ3+ (2.35)

- Оглас -

Најнови вести