Инѕаги ја погоди резервата

Кога Федерико Сантандер дава гол, Болоња победува. Попладнево „болоњезите“ славеа со 2:1 против Удинезе во меч од Серија А кој беше доста интересен и лесно можеа да се случат сите три можни исходи.

Удинезе поведе со 32 минута со голот на Игнасио Пусето, а десет минути подоцна, Болоња израмни откако Федерико Сантандер ја затресе мрежата на „фриулијаните“. Во 79. минута, тренерот Филипо Инѕаги во игра го уфрли Рикардо Орзолини, а тој само три минути подоцна даде гол, и тој погодок се покажа како решавачки.

За Болоња ова е втора победа сезонава во Серија А, откако славеше и пред две кола, кога играше на „Ренато Дал Ара“ против Рома. И тогаш стрелец на еден од двата гола беше Парагваецот Сантандер. Тоа се негови единствени два гола сезонава, па останува традицијата дека кога Сантандер реализира, и Болоња триумфира.

- Оглас -

Најнови вести