Вардар казнет со 5.000 евра поради пиротехника на мечот против Струга ТЛ

Најтрофејниот македонски клуб Вардар е казнет со 5.000 евра од ФФМ поради пиротехнички материјал на западната трибина за време на натпреварот против Струга ТЛ во Првата фудбалска лига. На овој натпревар Комитите скандираа и против актуелното раководство, но и против дел од фудбалерите на Вардар.

Натпреварот заврши со победа на Струга ТЛ со 1-4, а згора на тоа Вардар сега ќе мора да плати и парична казна.

„Поради пиротехничкото „шоу” на навивачката група Комити на натпреварот против Струга Трим Љум, ФФМ го казни АД ФК Вардар со парична казна од 5.000 евра“, стои во објавата на Вардар на социјалната мрежа „Икс“.

- Оглас -

Најнови вести