Карвахал сѐ кажа: Најлошата вечер во мојата кариера

Реал Мадрид прими четири гола од Ајакс во Мадрид и тоа беше повеќе од доволно да се случи сензација на „Сантијаго Бернабеу“. Гостите од Амстердам направија нешто што никој претходно не успеал во ЛШ против Реал и на крајот заслужено се радуваа. Домашните фудбалери не можеа да веруваат во тоа што се случува и дека Ајакс на крајот победи со 4-1.

„Најлошата вечер во мојата професионална фудбалска кариера. Никогаш не сум се чувствувал толку ужасно“, рече играчот на Реал, Даниел Карвахал.

Самиот Карвахал е свесен дека Реал ги загуби четирите меча на свој терен. „Едноставно, во последно време не ни оди на наш терен. Не треба да бараме никакви оправдувања. Ајакс заслужи да оди понатаму. Јасно е дека за нас оваа сезона е завршена“, додаде Карвахал.

 

 

- Оглас -

Најнови вести