Доминик Тим ја заврши кариерата, ќе остане запаметен по лудиот пресврт во финалето на САД опен (Видео)

Австрискиот тенисер, Доминик Тим, со пораз во првото коло на турнирот во Виена и официјално ја заврши својата кариера. Тој во пензија заминува со само 31 година, откако неколку години се мачи со повредите и никако не успеваше да се врати во светскиот врв.

Ќе остане запаметен со победата во финалето на САД опен во 2020-тата година, кога го совлада Александер Зверев со 3-2, откако губеше со 0-2. Воедно тоа е и неговиот единствен грен-слем кој го освои во кариерата. Во финале играше уште трипати, но двапати загуби од Рафаел Надал на Ролан Гарос (2018 и 2019) и еднаш од Новак Ѓоковиќ на Австралија опен (2020). Во својата кариера освои 17 АТП турнири, а најдобриот пласман на ранг-листата го имаше во 2020-тата година кога беше третопласиран.

Во пензија заминува како 308-ми тенисер во светот.

- Оглас -

Најнови вести