Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, постигна едно од најзначајните достигнувања во својата кариера, поставувајќи рекорд во Премиер лигата. Со вчерашната победа над Лајпциг (0-1) во Лигата на шампионите, Слот ја запиша својата 11-та победа во првите 12 натпревари како тренер на Црвените.
Тој стана првиот менаџер во историјата на англиската елита кој успеал да оствари 11 победи од првите 12 натпревари во сите натпреварувања, што е извонреден почеток на неговата кариера во Ливерпул.
Слот во оваа категорија, иако сѐ уште е на почеток, е подобар од Сер Алекс Фергусон, Арсен Венгер, Пеп Гвардиола, Жозе Мурињо, Роберто Манчини…
11 – Arne Slot is the first manager to win as many as 11 of his first 12 games in charge across all competitions in English top-flight history. Convincing. pic.twitter.com/uENYJgQ0OK
— OptaJoe (@OptaJoe) October 23, 2024