Познат е судијата за Ел Класико, а познато е и дека никогаш дербито не завршува нерешено кога суди тој

Големото дерби на шпанскиот и на светскиот фудбал меѓу Реал Мадрид и Барселона ќе се одигра утревечер на „Сантијаго Бернабеу“, а ќе го суди Хозе Марија Санчес Мартинес.

За него тоа ќе биде седми пат во кариерата да ја дели правдата на Ел Класико, а статистиката покажува дека досега ниту едно дерби меѓу Реал и Барса не завршило со нерешен резултат кога на теренот бил овој судија.

Судијата од Мурсија дебитираше на Ел Класико меѓу Реал и Барса во 2017 година, кога Кралевите победија со 2-0 во натпревар за Суперкупот на Шпанија. Потоа Каталонците забележаа три последовни победи со резултати 3-0, 5-1 и 3-0. Следуваа две нови победи за Реал од 2-1 и 3-1, во 2022 и во 2023 година.

- Оглас -

Најнови вести