Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски постигна два гола во убедливата победа од 4:0 на гостински терен кај Ехтрамадура во меч од Купот на Шпанија. Миовски беше стартер, а Жирона поведе со голот на Жил во 12-тата минута.
Во второто полувреме Миовски се „разбуди“. Македонецот прво погоди за 2:0 во 58-мата минута, а четири минути подоцна повторно се израдува на погодок за 3:0. До крајот на дуелот, Мартинес погоди за гостите кои на крајот славеа со убедливи 4:0.