Тотенхем се радуваше на победа од 2:1 против Манчестер сити во дуел од осминафиналето во Лига купот на Англија. Лондонскиот тим го искористи фактот дека гостите беа во комбиниран состав затоа што тренерот Пеп Гвардиола, поради згуснатиот распоред на мечеви, реши да одмори дел од стартерите.
Тоа го искористи Тотенхем, кој со головите на Вернер и Сар стигна до водство од 2:0 само по 25 минути игра.
Нунес погоди за Сити пред крајот на првиот дел, но Граѓаните во вториот дел не успеаја да постигнат втор погодок и да се спасат од пораз.